Брајан Рандал, долгогодишниот партнер на популарната холивудска актерка Сандра Булок, почина по битка со тешка болест на 57-годишна возраст.
Откако Брајан Рандал беше кремиран, Сандра Булок планира да ја расфрли пепелта на својот покоен партнер во морето покрај специјалното место на Бахамите каде некогаш беа фотографирани заедно како се бакнуваат на плажа.
Ова место имаше посебно значење за популарната двојка, а познатата актерка одлучи токму тука да се збогува со човекот кој го нарече „љубовта на својот живот“, пишува Daily Mail.
Како што објаснил изворот за споменатиот медиум, Сандра Булок планира да го посети местото на Бахамите каде што ќе ја расфрли пепелта на Брајан Рендел во морето.
Брајан Рендел почина на почетокот на месецот, по долгогодишна борба со тешка болест.
Двајцата се запознале во јануари 2015 година, кога тој бил фотограф на роденденот на нејзиниот син Луис. Подоцна истата година, тие за прв пат ја објавија својата врска во јавноста и беа заедно на свадбата на Џенифер Анистон и Џастин Теру. Во 2017 година, тие си ветија вечна љубов, само три години пред на Брајан да му биде дијагностицирана АЛС.
„Тоа место беше посебно за нив двајца. Тие би го зазеле целиот остров за да можат да бидат сами. Тоа беше местото каде што заедно со своите деца и пријатели ги поминаа едни од најсреќните моменти“, изјави изворот за споменатите медиуми и додаде:
„Таму заедно поминаа неколку недели. Ова место има многу значење, па едноставно има смисла Сандра Булок да се збогува со Брајан на тоа место“.