Дипломатска офанзива и разговори на тема уставни измени имаме цела година. Би бил разочаран ако единствено нешто за кое што овие тројца високи гости дошле во Македонија се уставните измени. Ако го почитуваме овој народ и посакувате европска иднина на Македонија, треба повеќе да се посвети внимание на катастрофата во здравството и образованието, иселувањето на младите итн, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања после средбата со Занаетчиската комoра Скопје.
Околу уставните измени, Мицкоски повтори дека ја затворил темата, но мора да се повторува.
-Ги одбија моите решенија и сега имаат на маса само една работа – да се договориме за термин за следните парламентарни избори. Се останато е во делот на рибарските приказни, односно лагите и фантазијата на овие луѓе што уште малку ќе бидат дел од Владата, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на прашањето дали пратеници од неговата партија ќе гласаат за промена на Уставот и внесување на Бугарите.