Тоа што Шилегов не го спроведе со години, Арсовска го спроведе за 82 дена, кажаа од Град Скопје

од Vladimir Zorba
405 прегледи

Новото раководство на Град Скопје ги реализираше сите ветувања кои градоначалничката Данела Арсовска ги вети пред граѓаните во нејзината предизборна кампања за првите 82 дена од нејзиниот градоначалнички мандат, соопштија од администрацијата на Данела Арсовска.

„Она што не можеа со години да го реализираат поранешниот градоначалник и најблиските соработници, Арсовска со својот тим го направи во првите 82 дена од мандатот. Скопјани се главен приоритет и решавањето на проблемите на граѓаните е императивот кој новата градска администрација го постави пред себе.

СДСМ не може да се помири со поразот кој го доживеа, а уште поголем притисок им создава фактот дека ќе се врши ревизија на сите сомнителни тендерски постапки и договори кои што биле склучени во време на Петре Шилегов.

Наместо манипулации и лаги, СДСМ треба да се соочи со вистината дека се директно одговорни за неуспесите кои четири години наназад се нижеле во Град Скопје, додека ги трошеле парите на граѓаните за прослави и ручеци по кафеани“, истакнаа оттаму.