Новата автобуска станица во Охрид почна со работа со уникатни тоалети. Меѓуградската автобуска станица почна да работи во петокот, а она што најмногу привлече внимание кај граѓаните и гостите се тоалетите кои се за групна употреба. Во женските тоалети меѓу веце шољите нема прегради, пишува СДК. Гостите кои викеднов пристигнале во Охрид зачудени биле од новото решение и коментирале дека направени се тоалети за групна употреба.

(Фото: СДК.МК)
Вработените на автобуската станица им рекле дека тоалетите ќе добијат прегради односно дека овој дел уште не е довршен, но наскоро и тоа ќе биде завршено.
Камен темелникот на новата автобуска станица беше поставен во ноември 2016 година.Најавено беше дека ќе чини околу седум милиони евра.
Новата меѓуградска автобуска станица,сместена на излезот од Охрид во правец на Битола, беше пуштена во употреба без свечено отворање, а ја градеше приватен инвеститор.