Точи си заминува од новинарството и ќе биде дел од Фондот за здравство

од Nikola Popovski
336 прегледи

Новинарката Менче Точи ќе работи во Фондот за здравство, поточно ќе раководи со одделот за комуникации. Точи во објава на социјалните мрежи информира дека одлуката да конкурира за ова работно место е поради лошата состојба и непрофесионализмот во новинарството.

-Конкурирав регуларно, на оглас кој беше објавен во три дневни весници, ги поминав сите тестови и писмени и усни што беа за раководно лице и треба да раководам со секторот за односи со јавност. Немаше друг пријавен за ова раководно место, односно немаше противкандидат за да ги одмериме силите и бодовите во Агенцијата, кои кај мене како што се гледа и не се малку. Уште сум на моето работно место во 24 тв, ќе заминам на новото кога ќе завршат процедурите. Втора и многу важна работа која ме натера да се откажам од мојата голема љубов новинарството, е токму лошата состојба и непрофесионализмот кој се повеќе го има, а уште повеќе-добар дел од граѓаните со нивниот говор на омраза и навреди. Иако, непосредно пак, ќе бидам поврзана со медиумите, објави Точи.

Новинарката додава дека помогнала на многу луѓе, таму каде можела и извршила притисок да се сменат закони и некои работи во здравството.

-Се надевам еден ден, по пензионирање, ако имам желба ќе се вратам со пишување колумни или емисија или пак, со книга, наведува Точи.

Слични содржини