Можеби мислите дека ако правите различни ритуали за разубавување пред спиење ќе изгледаат помлади или пак ќе се наспите подобро? Па, за жал, тоа не е секогаш точно. Некои ритуали е подобро да ги правите наутро.
Еве кои се тие:
1. Бричење
Иако нема ништо лошо во бричење вечер, ако сакате лицето (ако сте маж) или телото (ако сте жена) да бидат мазни, најдобро е да го правите наутро. И ова е интересно – “Бразилска патче” таму долу?
2. Туш со топла вода
Иако тушеви со топла вода изгледа како нешто што најмногу ќе ве опушти, всушност тоа може да ви влијае на вашиот сон. Кога се туширате пред спиење температурата на телото се зголемува. Температурата не телото во текот на ноќта е пониска, а тоа помага на сонот. Значи, ако се туширате вечер, дајте му време на телото да се “разлади”, за да можете да спиете подобро.
3. Чистење на лицето со сапун или несоодветен детергент
Миење на лицето со секој сапун може да биде многу штетно за кожата. Можете да предизвикате црвенило, или уште полошо, акни. Пред да изберете вистинскиот производ за вашето лице, откријте каков ви е типот на кожата. Ако имате премногу чувствителна кожа, секогаш треба да користите специјални производи за чистење на лицето, а не сапун.
4. Нанесување погрешен крем
Како чистењето на лицето со погрешен производ, така и користењето на погрешен крем е лошо за вашата кожа. Откако ќе го измиете лицето, целта на кремот е да ја поправите штетата од загадувањето, сонцето и стресот во текот на денот. Важно е да знаете дека ноќните и дневните креми се различни. Дневните креми со лесна текстура, а често содржат и заштитен фактор. Ноќните креми се густи и ја омекнуваат кожата додека спиете.
5. Мијте ги забите, но не ги чистете со забен конец
Чистењето со конец за заби е од клучно значење за грижата за забите и непцата. Иако е препорачливо да користите конец двапати дневно за да ги отстраните остатоците кои четката не може, доволно е да го правите само навечер. Четката за заби не ги отстранува сите остатоци од храна, а акумулацијата на овие остатоци предизвикува забен камен.