Тодоров до Мицкоски: Додека јас се борев против СДСМ, ВМРО победуваше

од Берта Китинска
497 прегледи

Додека јас го напаѓав и се борев против Заев и СДСМ, Мицкоски си градеше хидроцентрали, вели Никола Тодоров во изјава за „а1он“ во одговор на Христијан Мицкоски откако тој  го нарече кукавица која избегала и решила да одработува за Заев.

„Додека јас го напаѓав и се борев против СДСМ и Заев, ВМРО победуваше. Откако Мериот коалицијата му ги собра потписите и го избра Мицкоски за претседател на партијата, негова обврска е да го напаѓа, да се бори и да го победи СДСМ. За жал, Мицкоски само губи од Заев. Има две можни причини за постојаните порази кои Мицкоски ги остварува: или е тотално неспособен претседател или намерно губи од Заев, за да не одговара за тоа што работеше или не работеше, додека беше директор на ЕЛЕМ“, вели Тодоров за „А1он“.

Тој посочува дека гласањето на како што вели „Мериот коалицијата“ за Мицкоски како наследник на Груевски на конгресот во Валандово, било грешка.

Слични содржини