Тодоров за случајот „Онкологија“: Да се утврди што е вистина, а што е намерно или ненамерно пласирана дезинформација

од Vladimir Zorba

Единствената работа на која што треба да се инсистира во овој случај е секоја информација да се истражи и да се утврди што е вистина, а што е намерно или ненамерно пласирана дезинформација, за да се постигне некаква корист, смета поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров во врска со случајот на Клиниката за Онкологија.

Во своето сведочење пред Анкетната комисија за Онкологија во Собранието на Република Северна Македонија, Тодоров рече дека треба да се испита каде затаил системот.

– Страшно е тоа што се зборува дека се случило на Клиниката, но уште пострашно е што до денес, никој со сигурност не може да потврди што точно се случило и ако има некои незаконски дејствија кои се, и од кои мотиви некој истите ги сторил, рече тој.

Тодоров во своето излагање ги посочи тумор бордовите како и клиничката патека за дијагностицирање и лекување на малигни болести како клучни за правилно лекување на пациентите.

Тој посочи дека ова требало да биде надополнето и со КАТО системот, и рече дека е штета што тој престанал да функционира, наместо да се надградува.

Поранешниот министер повика на одговорност и затворање на овој случај, како што рече, „од правен аспект“.

Слични содржини