До овој момент одлуката на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е избори на 24 април, истакна Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вестите на ТВ Сител.
-ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија, со висок степен на демократија, внатрешна демократија, во органите и телата на партијата. Во овој момент одлуката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и одлуката на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е за избори на 24 април, рече Тодоров.
