367
Некогашниот министер и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров бил во Будимпешта, каде што го посетил и разговарал со поранешниот лидер на партијата и бегалец, Никола Груевски, објави вчера Фокус. Според пишувањата, тема на разговор биле случувањата во ВМРО ДПМНЕ, но детали не се откриваат.
Информациите за средба во Будимпешта, доаѓаат ден откако Иницијативниот одбор, составен од противници на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, го откажа вонредниот конгрес, на кој требаше да се утврдува одговорноста на Мицкоски за поразот на ланските парламентарни избори.
Тодоров се уште не се огласил околу информациите во медиумите.