Тодоров и Попоски унапредени, станаа заменици претседатели на Владата

од desk3
81 прегледи

Министрите за здравство и за надворешни работи Никола Тодоров и Никола Попоски се именувани за заменици претседатели на Владата на Република Македонија.

Nikola-Todorov

Ова е објавено на веб-страницата на Владата на Република Македонија.

Сега македонската Влада има петмина вицепремиери и тоа Тодоров и Поповски, вицепремиерот Владимир Пешевски задолжен за економски прашања, Фестим Халили, вицепремиер за Рамковен договор и Арбр Адеми, вицепремиер за европски прашања./МИА

Слични содржини