Тодоров: Јас ги организирав протестите против учење на албански јазик, но сега кажувам дека не сум бил во право

од Vladimir Zorba
268 прегледи

„Јас бев средношколец и ги организирав протестите 95-та, 96-та кога беа како се вика ова учење на албански јазик за што одма да ви кажам од денешна перспектива мислам дека не сум бил во право“ рече поранешниот министер за здравство и образование во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров во поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Тој додаде дека не бил во право, но бил дете со поинакви размислувања.

Протестите против воведување на настава на албански јазик на Педагошката академија беа отскочна даска за политичките кариери на неколку луѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Покрај Тодоров, политички кариери од протестите направија и Антонијо Милошоски, Филип Петровски, како и Влатко Ѓорчев.

Слични содржини