Тодоров: Црвенковски не ги разбира работите околу Договорот за добрососедство

од Nikola Popovski
272 прегледи

Професорот Петар Тодоров кој е член на Мешовитата историска комисија со Бугарија смета дека историчарите во балканските земји често излегуваат од научниот пристап.

За последната изјава на поранешниот претседател Бранко Црвенковски кој го оспори Договорот за добрососедство, Тодоров смета дека Црвенковски „како многу пати, не ги разбира работите“.

-Дегутантно е кога ќе видите човек кој е одговорен за ова денеска што се случува, да морализира на таков начин. Нема нешто поодвратно. Тој повторно манипулира и со политиката и со Историската комисија. Заедничка историја значи дека народите споделуваат работи од минатото и тоа не можеме да го негираме, рече Тодоров во емисијата „Трилинг“.

Црвенковски пред речиси една недела изјави дека Договорот не само што не затвори ниту едно прашање, туку напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија, кои, како што нагласи, „до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја што компромис едноставно не е можен“.

Слични содржини