Овој договор е дел од пошироката стратегија на Трамп за Блискиот Исток, започната уште за време на првиот негов мандат. Се работи за Абрахамовите договори, кои што се серија договори за нормализирање на односите меѓу Израел и неколку арапски држави, потпишани во 2020-2021 година. Тогаш ОАЕ, Бахреин и Мароко склучија мировни договори со Израел и воспоставија дипломатски односи. 15 арапски држави и до ден денес не го признаваат Израел. Трамп сака после потпишувањето на Мировниот договор за Газа, да ги продолжи Абрахамовите договори, за меѓусебно признавање помеѓу Израел и преостанатите арапски држави. Со посредство на САД се водат преговори помеѓу Израел и арапските држави. Во таков случај, Нобеловата награда за мир на Трамп идната година не му бега од рацете, вели Дарко Тодоровски, воен аналитичар и докторант на Руската претседателска академија за национална економија и јавна администрација за мировниот договор на Блискиот Исток со посредство на американската администрација.
Според него, главното прашање е кој ќе плати за обновата на Газа.
-САД нема да платат, и најверојатно тие ќе ги принудат богатите заливски монархии да го понесат главниот финансиски товар за обновата на Газа и враќањето на животот во некоја нормала. Но за тоа ќе бидат потребни години. Трамп тогаш веќе нема да биде во Белата Куќа, а Блискиот Исток е регион кој што никогаш не мирува, потенцира, меѓу другото, Тодоровски во анализата за „Локално“.