Токио: Одлуката на Бајден да ја блокира продажбата на „US Steel“ е неразбирлива

од Vladimir Zorba
49 прегледи

Јапонскиот министер за економија, трговија и индустрија Јоџи Муто оцени дека е погрешна и неразбирлива одлуката на американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден да ја блокира понудата на јапонскиот „Нипон стајл“ за купување на „US Steel“.

Муто рече дека сега постои загриженост за иднината на инвестициите меѓу САД и Јапонија, објави јапонската телевизија NHK.

Тој најави и дека јапонската влада ќе побара од администрацијата на Бајден подетално да ја објасни својата одлука.

Слични содржини