Седумкратниот шампион во американски фудбал и освојувач на Супербоулот, Том Брејди, доцна синоќа информира дека се предомислил за пензионирање и дека ќе се врати во НФЛ следната сезона во редовите на Тампа Беј Баканирс.
Тој го најави повлекувањето минатиот месец.
Сега суперѕвездата Брејди, кој во август наполни 45 години, вели дека сака барем уште една шанса за шампионската титула.
– Во изминатите два месеци сфатив дека моето место се уште е на теренот, а не на трибините. Ќе дојде тоа време. Но не сега. Ги сакам моите соиграчи и го сакам моето семејство кое ме поддржува. Без нив, ништо од ова не е можно. Се враќам за мојата 23-та сезона во Тампа. Имаме незавршена работа, напиша Брејди во објава на Твитер.
These past two months I’ve realized my place is still on the field and not in the stands. That time will come. But it’s not now. I love my teammates, and I love my supportive family. They make it all possible. I’m coming back for my 23rd season in Tampa. Unfinished business LFG pic.twitter.com/U0yhRKVKVm
— Tom Brady (@TomBrady) March 13, 2022