Том Харди е новиот Џејмс Бонд?

од Vladimir Zorba

Веќе неколку години се шпекулира кој ќе го наследи Даниел Крег во улогата на Џејмс Бонд, а според последните гласини, тоа ќе биде неговиот англиски колега Том Харди.

Некои британски медиуми во Велика Британија тврдат дека Харди (43) веќе потпишал договор, и наведуваат дека продуцентите ќе го соопштат името на новиот агент 007 едвај по објавувањето на најновиот филм од серијата „Нема време за умирање“, чијашто премиера е планирана за средина на ноември

Харди е најпознат по соработката со режисерот Кристофер Нолан и улогите во филмовите „Подемот на црниот витез“, „Данкирк“, „Лудиот Мекс – патот до бесот“, во „Отров“ на Марвел и други.

Слични содржини