Том Харди со тетоважа „Лео знае сè“ во чест на … Ди Каприо

од Vladimir Zorba
377 прегледи

Тетоважа со натпис „Лео знае сè“ веќе го краси десниот бицепс на британскиот актер Том Харди. Таа е во чест на неговиот партнер во „The Revenant“ од 2015-та, Леонардо ди Каприо, а поводот е изгубен облог.

Тој датира од 2016 година, кога Ди Каприо му вели на Харди дека тој ќе добие номинација за „Оскар“ за споредна улога во „The Revenant“. Но, Харди е убеден дека нема да биде номиниран и доброволно го прифаќа облогот.

Барањето за губитникот е да си направи тетоважа, дизајнирана од страна на победникот.

Британецот сепак доби номинација и не крие дека откако го изгубил облогот, се обидел да се повлече, затоа што дизајнираната од Леонардо ди Каприо тетоважа „не чинела“.

Сега, сепак, распространето селфи во мрежата со Том Харди открива дека британскиот актер на крајот ја направил долготрајната тетоважа – на десниот бицепс се гледа натписот „Лео знае сè“.

Слични содржини