Том Хенкс до оние кои одбиваат да носат маски: Срам да ви е!

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот  Том Хенкс (63) беше првата голема ѕвезда која откри дека е позитивна на коронавирус, а за време на виртуелната прес-конференција каде зборуваше за неговиот нов филм, воената драма Greyhound, тој имаше неколку збора за оние кои одбиваат да носат маска или не практикуваат социјална дистанца.

„Можеме да направиме само три работи за да дочекаме утре: да носиме маска, социјално да се дистанцираме и да ги миеме рацете. Тие работи се толку едноставни и лесни, и срам да им е на сите што не го прават тоа“, рече Хенкс и истакна дека само здравиот разум може да ги спаси луѓето за време на пандемијата.

Слични содржини