Актерите и брачни другари, Том Хенкс и Рита Вилсон, се позитивни на коронавирусот, а веста ја соопштија самите. Тие наводно, се заразиле во Австралија.
Хенкс и Вилсон биле таму поради снимањето на новиот филм за Елвис Присли.
„Во еден момент почнавме да се чувствуваме уморно, како да имаме треска и малку нѐ болеше телото. За да постапиме како што треба, се тестиравме на коронавирус и излезе дека сме позитивни“, изјави Хенкс, додавајќи дека ќе продолжат да го информираат светот за развојот на нивната состојба, но и дека дотогаш остануваат во изолација.
Хенкс и Вилсон, која е позната американска пејачка и актерка, патуваа низ различни локации во Австралија и имаа објавено повеќе фотографии на неколку локации на нивните инстаграм-профили. Тие го посетија и Сиднеј, каде Рита имаше свој настап во реномираната Сиднејска опера изминатиот петок.
Австралиските властисе обидуваат да влезат во трагата на сите лица кои биле во контакт со познатиот пар, за да може да се преземат соодветните мерки.