Том Хенкс од карантин: Одиме ден по ден

Холивудскиот актер Том Хенкс и неговата сопруга, актерката и пејачка Рита Вилсон, се заболени од коронавирусот. Хенкс денеска се огласи на својот Инстаграм, со порака во која им заблагодарува на луѓето и на поддршката која му ја пружиле.

– Рита и јас сакаме да ви се заблагодариме на сите што се грижите за нас. Имаме Ковид-19 и во изолација сме, со цел да не заразиме никого. Во наша близина има луѓе, кои доколку ги заразиме, би можеле да имаат сериозни проблеми – напишал Хенкс и додал:

– Одиме ден по ден. Постојат работи кои сите можеме да ги направиме за да ја пребродиме оваа ситуација, така што ќе ги следиме советите на експертите и ќе се грижеме еден за друг. И запобмнете, и покрај моменталните случувања, нема плачење во бејзболот.

Слични содржини