Американскиот актер Том Хенкс ќе издаде книга со збирка раскази.
Во центарот на приказната на секоја од 17-те приказни ќе биде машина за пишување. Над оваа книга Хенкс работи од 2015 година се очекува таа да излезе во октомври.
“Сум снимал во Њујорк, Берлин, Будимпешта и Атланта и во сите овие градови пишував. Пишував во хотелите за време на прес тури. Пишував за време на одмор. Пишував во авионите, домот и во канцеларија. Кога ќе успеам да си направам графика и да ја одржам, пишувам рано наутро од 9.00 часот “, раскажа познатиот актер.
Славниот актер кој колекционира машини и има цели 100. Том пишува на машина скоро секој ден – писма, белешки и листа на работи што треба да заврши.
“Никој не ги исфрла писмата напишани на машина, бидејќи тие се креација на графичка уметност, уникатни, како и отпечатоците на прстите. Две машини никогаш не печатат еднакво “, прецизира Хенкс.
Во 2014 година актерот пушти апликација за iPad, што имитира машини.