Том Хенкс со наградата „Сесил Б. Демил“ на церемонијата за „Златен глобус“

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Том Хенкс ќе ја добие наградата „Сесил Б. Демил“ на церемноијата за доделување на наградите „Златен глобус“ во јануари.

Претседателот на Асоцијацијата на странскиот печат во Холивуд, Лоренцо Сорија, рече дека Том Хенкс ја пленел публиката со „богати и весели ликови“. Тој додаде дека актерот се манифестирал импресивно зад камерата како сценарист, продуцент и режисер.

Наградата „Сесил Б. Демил“ му се доделува на „човек кој дал неверојатен придонес во забавната индустрија“, потсетува „Асошиејтед прес“.

Том Хенкс е четирикратен добитник на наградата „Златен глобус“. Тој најпрво победи во 1988 година за „Голем“, потоа за „Филаделфија“ и „Форест Гамп“, за кои, исто така, доби и награда на Академија. Четвртиот е за минисеријалот „Браќа во оружје“.

Во 2014 година, Том Хенкс ја доби наградата на центарот „Кенеди“. Американскиот филмски институт му ја додели својата почесна награда во 2009 година.

Минатата година, Џеф Бриџис беше удостоен со почесниот „Златен глобус“. Претходните носители вклучуваат имиња како Опра Винфри, Мерил Стрип, Морган Фримен, Џоди Фостер, Барбра Стрејсенд, Сидни Поатие, Лусил Бол итн.