Том Холанд за неговата љубовна врска со Зендаја: „Никому ништо не му должиме“

од Stefanija Kuzmanovska
419 прегледи

Актерскиот пар Том Холад и Зендаја важат за еден од најстабилните парови во Холивуд.

Со оглед на тоа дека се едни од најомилените актери од помладата генерација, оваа љубов не ги воодушевува само нивните верни фанови, туку и медиумите.

Двајцата се запознаа на снимањето на „Спајдермен“ во кој ги играа главните улоги во 2016 година, но изгледа дека љубовта се разгорела дури во 2021 година кога биле фатени како разменуваат нежности. Подоцна ја признаа својата романса, но се трудат да ја држат подалеку од очите на јавноста и избегнуваат да зборуваат со медиумите за нивната љубов.

Сепак, одвреме-навреме си оставаат љубовни пораки кои ги воодушевуваат сите. Сега Том се отвори и зборуваше за тоа зошто толку многу се трудат да ја чуваат својата врска подалеку од љубопитните очи.

„Нашата врска е нешто за кое сме многу заштитнички настроени и сакаме да ни остане нешто свето, колку што е можно повеќе. Мислиме дека никому ништо не должиме, тоа е наша работа и нема никаква врска со нашите кариери“, рече Том.

Слични содржини