Том Круз би сакал да ја види ќерка си, но дали црквата ќе го одобри тоа?

395 прегледи

Актерот Том Круз (57) со години не се трудеше да биде дел од секојдневниот живот на својата ќерка Сури (13). Од девојчето го оддели сциентолошката црква бидејќи таа им претставувала потенцијален извор на проблеми.

Со години американските медиуми пишувале како поранешната сопруга на Круз и мајка на Сури, актерката Кејти Холмс (40) е противничка на нивната црква. Откако наводно, пет години не бил во контакт со Сури, Круз посакал повторно да изгради однос.

– Том по долго време виде фотографија од Сури Круз, забележувајќи дека девојчето расте во негово отсуство и тоа пресуди. Доколку некогаш ја напушти сциентологијата, тоа ќе биде поради неговата ќера. Бидејќи Сури нема таткова фигура во живтот, ова би било иделана прилика да се смират, пред да стане прекасно, но сциентолошката црква е запознаена со најмрачните тајни на Том, па доколку одлучи да ги напушти, тие ќе испливаат на виделина – рекол извор близок до семејството за In Touch.

Денес девојчето има 13 години, а обожавателите на социјалите мрежи велат дека пораснала во вистинска убавица.

Колку сциентолошката црква влијаела врз него зборуваат и некои необични барања. По разводот од Том, Кејти добила упатства дека пет години не смее да зборува за нивниот брак или да има јавна врска.

– Кејти смее да има врска, само не смее да излегува во јавност, ниту да дозволи да има контакти со Сури – рекол извор близок до семесјтвото.

Кејти по разводот започна тајна врска со актерот Џејми Фокс.

За време на бременоста на Кејти, Том купил домашен ултразвук и така ја следел бременост. Лекарите ја критикувале неговата постапба бидејќи само лекарите знаат како тоа точно се прави. Тој имал и некои бизарни молби до Кејти за време на породувањто, како онаа дека мора да биде тивка, пренесува Мирор.

Слични содржини