Том Круз доби 200 милиони долари за филм кој се уште нема сценарио

од Vladimir Zorba

Том Круз успеа да привлече голема инвестиција за филм кој сè уште нема сценарио.

Universal Pictures издвои 200 милиони долари за филмот, во продукција од Круз, пишува „Deadline“.
Филмските критичари ја припишуваат оваа доверба на угледот на Том, бидејќи од комерцијална гледна точка, проектот поставува прашања.

Меѓу нив е фактот дека сценарио за него сè уште не е напишано и дека неговата имплементација е полна со значителни тешкотии.

Некои од сцените се планира да бидат снимени во вселената, за разлика од вообичаената практика на користење компјутерска графика.

Според гласините, втор спонзор на филмот може да биде Елон Маск, чија компанија „SpaceX“ успешно го истражува вселенскиот простор.

Слични содржини