Том Круз ja одбил главната улога во овој филм за суперхерој на Марвел

од Stefanija Kuzmanovska
186 прегледи

Бидејќи бележеше низа успеси на благајните, актерот Том Круз го имал луксузот често да одбива улоги кои му биле понудени. Една од тие улоги била и во филм за суперхерој на Марвел.

Тешко е да се замисли некој друг освен Роберт Дауни Џуниор како Тони Старк во филмот „Iron Man“, меѓутоа, кога на почетокот на 2000-тите размислувале да ја снимат приказната за популарниот суперхерој на Марвел за големото платно, продуцентите го сакале Том Круз во оваа улога.

Во едно интервју во 2005 година, актерот призна дека ја одбил улогата затоа што не верувал во успехот на филмот.

„Тие дојдоа кај мене во еден момент, но кога правам нешто, сакам да го направам како што треба. Ако се посветам на нешто, тоа мора да се направи на начин на кој знам дека ќе биде нешто посебно. И додека го слушав предлогот на продуцентите, едноставно не ми се чинеше дека проектот ќе биде успешен. Морам да бидам во состојба да донесувам одлуки и да го направам филмот што е можно подобро, и едноставно не ми се чинеше така кога размислувавме да го снимаме овој филм“, навел Круз.

Слични содржини