Американскиот актер и продуцент Том Круз на лондонскиот сет на неговиот нов, седми филм „Невозможна мисија“ викал и ѝ се заканувал на филмската екипа со откази поради пропусти во безбедносните анти-ковид протоколи за снимање, пишува британскиот весник „Сан“.

Пренесувајќи дека имаат автентична аудио-снимка од викањето на Круз кон филмската екипа, „Сан“ наведува дека ѕвездата на акциониот филм се бунела поради пропусти во физичкото растојание и другите правила што овозможуваат снимање за време на панемијата на коронавирус.

Претставник на Круз одби да го коментира тоа.

„Сан“ исто така пишува дека, според таа аудио-снимка, Круз на филмската екипа на сетот во Лондон ѝ рекол дека е во постојан контакт со сите студија, осигурителни компании, продуценти и дека сите ги гледаат, порачувајќи: Дали ја разбирате одговорноста што ја имате? И ако не можете да бидете разумни и не можете да се справите со вашата логика, отпуштени сте. Без извинување! Ако го направите тоа повторно, отпуштени сте!“.

„Невозможна мисија“ е една од најголемите франшизи во Холивуд, а последниот филм од 2018 година заработи повеќе од 791 милиони долари.

Слични содржини