Токму кога помисливте дека Том Круз го постигна својот најголем можен филмски триумф со успехот на продолжението на Top Gun, блокбастер ѕвездата има нова идеја. Снимање филм во вселената.
Круз се здружи со режисерот Даг Лиман за филмот, кој вклучува снимање во вселената, а идејата првпат била претставен во 2020 година пред пандемијата на ковид да ги запре плановите.
Гласините велат дека Круз и Лиман стапиле во контакт со Universal Filmed Entertainment Group (UFEG) во врска со идејата актерот да полета со ракета до Меѓународната вселенска станица.
„Мислам дека Том Круз не носи во вселената, тој го носи светот во вселената. Тоа е планот. Имаме одличен проект во развој со Том… Лет со ракета до вселенската станица и снимање“, рече претседателката на UFEG, Дона Ленгли.
Ленгли откри дека поголемиот дел од филмот ќе се снима на Земјата, а кулминира со лик кој ќе оди во вселената за да го спаси светот, додавајќи дека се надева дека Круз ќе стане првиот цивил што ќе прошета во вселената надвор од вселенската станица.