Чешката Република е целосно вклучена во поддршката и го поддржува обезбеудвањето вакцини за Северна Македониаји и западноевропските држави, изјави денеска амбасадорот на Чешката Република, Мирослав Томан.
-Нашата позиција во моментот е да ја изведеме вакцинацијата во Северна Макаедонија преку ковакс системот, што значи дека ќе треба да чекаме Европската комисија да ја даде насоката како и колку ваквицни ќе бидат испорачани во вашата држава. Ве уверувам дека ние сме секогаш подготвени да дадеме дополнителни средства за дополнителни вакцини за вас, заинтересирани сме и со нетрпение очекуваме кога ќе почне процесот на вакцинација, но и во Чешка не добиваме толкав број вакцини колку што ни беше ветен. Треба да почекаме уште малку за да видиме јасна слика како сето ова ќе се одвива и во нашата држава и тука, во Северна Македонија, рече Томан, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.