Томас Милер и дефинитивно донесе одлука за својата иднина, потпишувајќи договор со екипата на Ванкувер Вајткапс од Канада, која се натпреварува во американската МЛС-лигата, пишува „Екипа“.
Ветеранот кој целата досегашна кариера ја мина во Баерн Минхен не доби нов договор со баварскиот гигант, но Милер на 35 години не сакаше да се пензионира, туку се реши за поинаков предизвик. Од неколкуте понуди на маса ја избра онаа од другата страна на Атлантикот, па денеска потпиша двогодишен договор со Ванкувер.