Томасон ја презема Шведска

од Nikola Popovski
206 прегледи

Џон Дал Томасон го напушти Блекбурн за да ја преземе Шведска. Медиумите на Островот пишуваат дека Данецот добил понуда која не може да се одбие, а на клупата на Блекбурн ќе седне Џон Џастис.

„Скај спортс“ објави дека е постигнат вербален договор меѓу Џастис и Блекбурн и дека наскоро ќе биде официјално претставен.

Станува збор за тренер кој неодамна доби отказ од клупата на Бирмингем.

Што се однесува до Данецот, според шведските медиуми, тој прифатил да го преземе кормилото на репрезентацијата од Џејн Андерсон. Андерсон доби отказ по лошиот настап во квалификациите за ЕУРО 2024 година.

Ова ќе биде прва работа на Томасон како селектор. Освен Блекбурн, досега во својата тренерска кариера ги водеше Екселзиор, Рода и Малме.

Беше асистент во данската репрезентација од 2016 до 2019 година.

Слични содржини