Томче Голабоски го фати крстот за Водици во Струга

од desk2
149 прегледи

Томче Голабоски, стружанец иселеник кој живее во Холандија, беше најсреќниот меѓу стотината верници кои скокнаа во водите на Црн Дрим и го фати Чесниот крст што во осветените води го положи владиката Тимотеј, митрополитот на Дебарско-кичевската епархија.

На свеченоста по повод Богојавление – Водици и осветувањето на водите на Дрим присуствуваше и претседателот на Владата Зоран Заев, кој на граѓаните им го честита празникот, посакувајќи им здравје, среќа и напредок.

– Богојавление – Водици, денот кога се осветуваат водите на Охридското Езеро и на Црн Дрим не потсетува и на тоа дека се може да се измие, исчисти, обвнови и повторно да се роди. Благородната порака на овој празник исполнува и со оптимизам дека надежта за доброто, совршеното и убавото никогаш не згаснуваат, рече Заев, посакувајќи им на граѓаните добра иднина, здравје, добра волја и соочување со сите предизвици што претстојат на личен и заеднички план.

Тој на најсреќниот денеска во Струга Голабоски му посака да го следи среќа и добрина низ целата година, да донесе среќа и на Струга и на нашата Македонија.