Томислав Тунтев нов генерален директор на АЦВ

од desk2
95 прегледи

Со одлука на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, функцијата генерален директор на АЦВ од денеска официјално ја презема Томислав Тунтев.

Како што соопшти АЦВ, на примопредавање на функцијата досегашниот директор, Горан Јандреоски го информирал Тунтев за досегашните резултати на Агенцијата постигнати на домашно и меѓународно ниво, како и за ативностите кои и престојат на Агенцијата, за продолжување на трендот на напредок на институцијата, во постигнување на заедничката цел, креирање современ, европски етаблиран, еколошки одржлив, брз и ефикасен воздушен транспорт, респектибилен од меѓународните воздухопловни партнери од Европа и светот.

Оставката од пратеничката функција на Томислав Тунтев беше констатирана на денешната седница на Собранието на Република Македонија.