Томовски негира дека има роднински врски во избраната компанија за обезбедување на државните објекти

од Nikola Popovski
85 прегледи

Службата за општи и заеднички работи со компанијата „Праеториан“ склучи договор за „физичко, техничко и патролно обезбедување на објекти на државната управа“ во времетраење од три години во вредност од околу 3 милиони евра. На оваа јавна набавка конкурираа четири фирми, што не беше случај во изминатите шест години, кога само една фирма која конкурирала, секогаш го добивала тендерот на максималната вредност. Избраната компанија има доставено сериозно висока банкарска гаранција во висина од 20 милиони денари, објави директорот на СОЗР, Ивица Томовски по обвинувањата од опозицијата за негови фамилијарни врски со избраната компанија.

Томовски жали што, како што вели, наместо да се нагласи заштедата од 30 милиони денари за државниот буџет, што не било случај во минатото, јавноста се дефокусира со неосновани обвиненија адресирани на моја сметка. Одговорно тврди дека во никаков облик не постојат мои роднински врски со сопствениците на избраната компанија.

Директорот на СОЗР уверува дека компанијата „Праеториан“ на никаков начин не е поврзана со него, ниту му припаѓа на некој него роднина.

Во продолжение, целата реакција на Томовски.

Во текот на денот од СДСМ обелоденија документи според кои, како што велат, тендер вреден 3,5 милиони евра добила фирма во која роднина на директорот Томовски станува раководител на подружница од истата фирма во ек на самата тендерска постапка.

-СОЗР, орган во рамки на Владата склучила договор за обезбедување на државните објекти со компанијата „Праеториан ДООЕЛ“, вреден 3,5 милиони евра. Огласот за тендерот бил распишан на 10 октомври 2024 година и до тогаш, компанијата е во сопственост на Тадеуш Јарчев, а управител е Анета Јарчева.

Но, само осум дена подоцна, во ек на огласот, односно на 18 октомври, Власе Танаскоски, роднина на Томовски, влегува во „Праеториан ДООЕЛ Скопје“. Регистрирана е подружница во Охрид и за нејзин раководител е избран токму роднината на Томовски, Власе Танаскоски. Адресата на подружницата се совпаѓа со седиштето на компанијата „Гашо Пласт“, чиј сопственик е уште еден близок роднина на истиот функционер, соопштија од партијата во опозиција преку прес-конференција.

Слични содржини