Томовски: Презедовме конкретни чекори за реконструкција на Палата АСНОМ и заживување на „Македонско село“, а во тек е и реконструкцијата на Клубот на пратеници

од Nikola Popovski
45 прегледи

За само шест месеци презедовме значајни чекори за надминување на затекнатата состојба од претходното раководство. Уште од првиот ден се фокусиравме на интензивен процес на ревизија и оптимизација во насока на одговорно, отчетно и транспарентно управување со државните ресурси, објави денеска директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР), Ивица Томовски.

Истакна дека ставен е крај на недомаќинското работење, како и оптимизација на трошоците за набавка на пијалоци и апетисани за потребите на државните органи.

-Ги покачивме цените на угостителските услуги во владините објекти, а во завршна фаза е и постапката за ставање крај на лошите практики за злоупотреба на службените возила, преку изготвување на посебен регистар и унифицирање на службените возила. Воведовме строг механизам за контрола на службените трошоци, намалувајќи непродуктивни патувања и одговорно управувајќи со јавните средства, стои во објавата на Томовски.

Според СОЗР, наследен бил голем хаос со државниот имот, со 80% нерешени имотно-правни односи и запуштени објекти и во фаза сме на надминуавње на овие состојби.

-По детална анализа, презедовме конкретни чекори за реконструкција на Палата АСНОМ и заживување на „Македонско село“, а во тек е и реконструкцијата на Клубот на пратеници. Ги анализираме условите за изградба на втора фаза на Жичницата и доградба на зградите на ФФК и ФИНКИ во кампусот на УКИМ. И в година ќе продолжиме со подобрување на системот за управување со цел да овозможиме транспарентност, отчетност и поголема ефикасност во работењето на сите нивоа, со што ќе се подигне нивото на доверба во оваа важна служба и ќе придонесе за понатамошен развој и напредок, информира Томовски.

Слични содржини