Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, во емисијата „Само интервју“ изјави дека партијата очекува да го зголеми бројот на општини во кои има локална власт на претстојните избори.
Тој нагласи дека кандидатите за градоначалници ќе поминат низ три филтри: поддршка од јавното мислење преку анкети, поддршка од партиските структури и проверка на досегашните резултати. Воедно, упати јавен повик до Венко Филипче да ги објави анкетите за кои тврди дека ги поседува, со цел да се провери нивната релевантност.
„Доколку тие анкети беа валидни, ќе имаше барања за предвремени избори уште вчера“, рече Томовски.