Томовски за Филипче: Самите членови на СДСМ да се замислат кој им е лидер

од Nikola Popovski
191 прегледи

Директорот на СОЗР и член на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски вчера обвини дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче е најнеуспешниот министер за здравство со најголема смртност по глава на жител во соседството. Според него, како што вели, „на Филипче му изгорела модуларна болница и живи луѓе“. Томовски посочува дека „Филипче не треба да помисли да биде претседател на СДСМ и самите членови на партијата да се замислат кој им е лидер“.

-Во СДСМ има чесни исклучоци и луѓе кои можат да ја преземат партијата, но, не овие за кои што постои сомнежи за тежок криминал во минатото, кажа Томовски во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“.

Директорот на СОЗР упати критики и за ДУИ. Објаснува дека „тешко им е да се опозиција после 20 години“. Не верува дека партијата на Али Ахмети ќе се реформира.

-Ајде да оставиме на времето и да видиме како ќе постапат. Благодарение на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, за првпат ДУИ оди во опозоција и ќе им биде тешко да се опорават, додаде Томовски.

Слични содржини