Тони Крос бесплатно пристигнува во Јувентус?

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Во минатото Јувентус имаше навика да носи играчи од светска класа во Торино без обештетување. „Старата дама“ ја прекина оваа практика во претходните сезони, но би сакала на лето повторно да донесе проверен играч бесплатно. Станува збор за Тони Крос кому му истекува договорот со Реал Мадрид.

Германецот влезе во последните шест месеци од договорот со „кралскиот клуб“ и шпанскиот клуб се уште нема донесено одлука дали сака да го продолжи договорот со играчот од средниот ред кој во Мадрид пристигна во јули 2014 година.

Торинскиот клуб нема простор да троши премногу во преодниот рок додека не ги решат финансиските проблеми, а веќе работат на потписот на крилото на Лацио, Фелипе Андерсон. Планирано е и доаѓањето на играчот на Аталанта, Теун Копмајнерс, што сигурно нема да биде евтино.

Италијанските медиуми пренесуваат дека има контакт помеѓу Јувентус и агентот на Тони Крос. Идејата е германскиот фудбалер да дојде без обештетување во јули во случај да не го продолжи договорот со Реал Мадрид. Сепак, преговорите не се во тек бидејќи „бјанконерите“ се свесни дека приоритет е продолжување на соработката со актуелниот клуб.

Оваа сезона, Крос настапи на вкупно 30 настапи за Мадрид, постигнувајќи еден гол и додавајќи седум асистенции. Иако има 34 години, Германецот би бил одлично засилување за тимот на Масимилијано Алегри, кој следната сезона повторно ќе игра на три фронта додека го чека враќањето во европските натпреварувања, поточно Лигата на шампионите.

Слични содржини