232
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос повторно ќе игра за Германија. Ова го објави самиот тој на својот Инстаграм профил.
Халфот ќе му биде на располагање на селекторот Јулијан Нагелсман за мартовските натпревари против Холандија и Франција.
„Повторно ќе играм за Германија“, напиша Крос. „Зошто? Затоа што бев прашан од селекторот и јас сум за тоа и сигурен сум дека има многу да се случи со тимот на Европското првенство. Можно е да направиме повеќе отколку што мислат повеќето луѓе“.
34-годишниот играч за врска има 106 настапи и 17 голови за германската репрезентација.