Тони Михајловски јавно призна дека ВМРО-ДПМНЕ му дала улога да глуми „икебана“ на изборите во Куманово

од Nikola Popovski
214 прегледи

Популарниот актер Тони Михајловски пред неколку дена отворено говореше за периодот кога беше кандидат за градоначалник на Општина Куманово.

Според неговите зборови, ВМРО-ДПМНЕ го поддржала неговиот против-кандидат и го „искористила“.

-Испадна дека победникот на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово е Максим Димитриевски. И испадна дека цело време бил поддржуван, а дека јас сум бил икебана, рече Михајловски во неодамнешното гостување на подкастот кај Стефан Лазаров.

Михајловски, кој е поранешен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, беше кандидат за градоначалник за Куманово од таа партија. Изгуби токму од неговиот противкандидат, актуелниот градоначалник Максим Димитриевски.

Слични содржини