Тони Станоев го призна убиството, сопругата сведочеше како им се заканувал дека ќе ги убие

од desk3
158 прегледи

Тони Станоев, обвинет за трикратното убиство во Кавадарци во ноември лани, го призна делото. Ги застрела родителите на неговата сопруга и нејзината сестра. Му се суди за три кривични дела „убиство“, за што може да добие казна затвор од најмалку 10 години до доживотен затвор.

veles stanoev sud

“Отидов да разговарам со сопругата, сакав да ги оттргнам децата од нив. Кога влегов сопругата не беше дома, мајка и Билјана ми рече седни. Се скаравме, ме удри, ми го скина палтото од кое ми падна пиштолот. Го зедов, прво пукав во Снежана, сестрата на сопругата, па во мајка и Билјана. Потоа се ми е во магла, не се сеќавам како го убив татко и – тврдеше Тони .

Според сопругата Данче Станоева ,пред убиството, децата биле кај таткото, кој рекол дека ќе ги врати подоцна, но се премислил па рекол дека тоа ќе го стори пред 16 часот.

“Кога дојдов во куќата на родителите ја видов вратата отворена, што ми беше чудно за во ноември. Внатре видов локва крв и мајками како лежи. Почнав да викам и да барам помош. Тогаш ја слушнав сестра ми како бара помош. Беше во малата кујничка, со затворени врати, едвај влегов. Се јавив во полиција, сестра ми ја однесоа во болница каде што почина, а полицијата ми кажа дека и татко ми е убиен, не сум го видела на катот. Тони ни се закануваше , дури опишуваше како ќе го направи тоа, како ќе не убие и ќе не закопа – посочи Станоева.

Тони Станоев по убиството избега, а беше фатен 3 дена подоцна во близина на гробиштата во Кавадарци. Психијатриското вештачење утврдило пресметливост и ќе се користи како доказ во постапката.

Во меѓувреме, по спроведена постапка, пред судовите во Велес и во Кавадарци, условно и парично беа казнети полицајци и вработени во центарот за социјални работи во Кавадарци, кои не презеле мерки по пријавите за семејно насилство и не му го одзеле оружјето, со кое подоцна беше извршено убиството.