Дури илјада хрватски граѓани имале лажни ковид-потврди, а меѓу нив има и естрадни ѕвезди како пејачот Тони Цетински, политичари и истакнати луѓе од светот на културата и спортот.
Хрватската полиција уапси 11 лица под обвинение дека фалсификувале ковид-потврди за невакцинирани лица да патуваат со нив, а истрагата е во тек. Меѓу обвинетите е и медицинската сестра Петра Румиха од загрепскиот здравствен дом „Запад“, а во нејзиниот компјутер е пронајден список на сите оние кои платиле лажни ковид-потврди од 100 до 200 евра.
Ако се докаже дека Цетински навистина купил лажна ковид-потврда, ќе биде казнет, бидејќи беше меѓу оние кои јавно протестираа против вакцинацијата и воведувањето на ковид-потврдите, без кои не може ниту да се патува, ниту да се извршуваат повеќето од вообичаените работи.
Полицијата сега го користи списокот од компјутерот за да ги провери сите што купиле сертификати, а многумина од нив ќе бидат уапсени. Пред сè, оние кои исто така биле посредници, а кои самите имаат материјална корист од создавањето на синџир на фалсификувани сертификати.
Интересно е што на списоците има многу антиваксери, кои во јавноста кажаа дека ковид-сертификатите се бескорисни и отфрлија секаква идеја сами да се вакцинираат. Меѓу нив имаше и политичари, кои учествуваа во протестите против вакцинацијата и одржаа запаливи говори против ковид-сертификатите, пренесува „Новости.рс“.