Тони Зен го промовираше својот најнов албум „Од изворот на изборот“

од Vlatko K
156 прегледи

Вчеравечер, во МКЦ клуб и ресторан, хип хоп артистот Тони Зен го промовираше својот шести по
ред албум со наслов „Од изворот на изборот“. Пред повеќе стотици гости, најголем дел негови
пријатели и препознатливи музички имиња од домашната сцена, Тони Петковски нескриено ја
искажа радоста по повод излегувањето на неговиот најнов соло албум и по тој повод пред
присутните се обрати:


„Сите 8 песни се инспирирани од моите лични искуства изминативе години. Овој албум се слуша со
срце. Не случајно е акустичен, мирен и сниман во 432Hz, со цел да се задржи природната
фреквенција. Музиката на албумот е посветена на вистината, љубовта и просветлението“.

Меѓу присутните гости беа пеачот Виктор Апостоловски, македонската поп икона Дани
Димитровска, музичарот и продуцент Мите Димовски, џез музичарот Џоле Максимовски,
познатиот пеач и композитор Никола Перевски – Пере од Нокаут, Ранко Петровиќ…

Албумот е независно издаден со поддршка на СТ Продукција како дистрибуција и изработка на ЦД
и обвивка. Сниман е во студиото „Knobs Keys ‘n Stuff“ заедно со Бојан Филиповски „Gloomie“, додека
миксот и мастерингот го изработи Мите Димовски во Тралала студио.

Албумот има 8 песни. Текстовите ги напиша Тони Петковски – Зен, а музиката ја создаде заедно со
Кирил Бабамов (гитара) и Ратко Даутовски (перкусии). Mузичари кои дадоа свој придонес на
албумот се Мартин Јосифовски на бас гитара, саксофон и флејта – Борислав Веселинов,
клавијатури – Борче Кузмановски и Бојан Филиповски, Александар Пешевски Сале – усна
хармоника и пратечки вокали – Весна Малинова Бабамова и Бојан Филиповски.

Од денеска албумот е во продажба во музичките продавници.