Toп 10 професии склони кон неверство

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Неверството е нешто што никој не посакува да го преживее. Сепак, тоа е најчестата причина за уништување на една врска. Понекогаш дури и помислата за неверство може да се прифати од партнерите како повод за прекин на односите.e342f525085404d57e4d78db1bd6d697Според една нова онлајн студија, жените кои вршат одредени професии, се со поголема веројатност да бидат неверни. Истражувањето заклучува дека склоноста кон неверство не се одредува само и единствено од личните квалитети, но и од работата.

Во истражувањето учествувале 5658 жени, кои пополниле прашалник во анкета. Таму тие требало да опишат што работат и каде ги наоѓаат своите потенцијални љубовници. Се покажало дека 65% од испитаниците невернички ги пронашле своите љубовници токму на работното место.4589b2e87870c0dde0811edca16463c8

Еве и кои се најневерните професии:
1. Финансиски советници и специјалисти – брокери, банкари, аналитичари
2. Сектор авијација – стјуардесе, пилоти
3. Здравствен сектор – лекари, медицински сестри, асистенти
4. Бизнис сектор – извршни директори, менаџери, секретарки

7579f70605850619448b5d37157704e6
5. Спортски сектор – спортисти, инструктори, тренери
6. Уметност – професиите поврзани со уметноста се исто познати по својот “слаб ангел”
7. Правен сектор – адвокати, обвинители, судии, секретарки
8. Јавен сектор / Комуникации – новинари; PR агенти кои работат во сферата на медиумите
10. “Други” сектори

Од резултатите во истражувањето станува јасно дека првенството во прељубата се држи од вработените во финансискиот сектор. Да му ја мислат партнерите на такви дами. Внимавајте, господа!

Треба да се обрне внимание и на фактот дека на првите позиции се најдоа уште професии поврзани со многу стрес и тензија на работното место. Но, дали тоа може да биде оправдание?