Има луѓе кои многу патуваат и гледаат различни места низ светот. Некои од нив успеваат да остават незаборавни спомени.
Видете кои се дестинациите преостанати засекогаш во умот и срцето на Туристот:
Брегот на Амалфи, Италија – Појасот опфаќа 50 километри должина по должината на јужниот брег на Сорентинскиот полуостров. Ако сакате да си направите една незаборавна романтична прошетка, земете ретро модел кабриолет и обиколете го целиот брег. Ова е дефинитивно еден од најживописните правци за патување со автомобил, па ако поминувате оттаму, нека некој друг вози, а вие уживајте во неверојатните пејзажи.
Антарктикот – тоа е најветровитото и студено место на светот, но и покрај непријатните услови, дефинитивно вреди да се види. Постојат многу туристички агенции кои нудат експедиции до Антарктичките бази од ноември до март.
Залезот над Санторини – близу е до Македонија, па немате изговор да не одите и да уживате во глетката. Во речиси секоја туристичка агенција ќе видите на каталогот фотографија на познатите сино-бели куќички на островот Санторини. Најубавото зајдисонце, кое може да се види на Санторини може да го набљудувате од маса во ресторан или од брод во морето.
Прочуениот автопат Route 66 – патот со американските блусари, е најпознатиот автопат во светот.Тој е долг речиси 4 000 километри и преминува 8 американски држави – Калифорнија, Аризона, Ново Мексико, Тексас, Оклахома, Канзас, Мисури и Илиноис.Route 66 е отворен официјално во 1926 година.
Островите Галапагос – во денешно време Галапагос е познат не само по своите огромни желки, но и меѓу најубавите острови на светот. Постојат многу патувања кои се прават таму, со траење од 10 дена.
Националниот парк “Кругер”, ЈАР – таму живеат најатрактивните африкански животни – носорози, леопарди, слонови и биволите. “Кругер” е најголемиот резерват на Црниот континент, каде што има над 500 вида различни птици, 150 цицачи и 100 видови влекачи.Токму таму е снимен еден од најпознатите клипови на YouTube, насловен “Битката кај Кругер”, на која се гледа судир меѓу лавот Прајд, два крокодила и стадо биволи.Спотот е гледан над 75 000 000 пати.

