Доналд Трамп помладиот објави монтирана снимка на која се гледа како неговиот татко, претседателот на САД, Доналд Трамп соборува советскиот борбен авион, на кој стои логото на Си-Ен-Ен.
Синот на Трамп на Твитер постави монтирана снимка од блокбастерот од 1986 година „Топ ган“, каде лицето на шефот на Белата куќа е поставено преку лицето на главниот лик Маверик (Том Круз), а кој на таа снимка го соборува советскиот млазен авион, на кој стои логото на оваа американска телевизиска мрежа.
Американскиот претседател пред истрелувањето ракетата ги повторува зборовите „Отпуштен си“, по кој стана познат во реалното шоу „Приправник“.
– Еден од најдобрите кои сум го видел, напиша Трамп помладиот под снимката, чиј извор не е наведен.
Американскиот претседател претходно овој месец објави на Твитер снимка од борбата на кечери, на кое е прикажано како удира човек, чие лице го прекрива логото на Си-Ен-Ен, што набрзо стана најсподелен твит на Трамп.