Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејми Бајно-Гитенс е желба на неколку врвни европски клубови, пренесува германски „Билд“.
Не така одамна, Бајно-Гитенс беше дел од академијата на Сити, но Пеп Гвардиола не најде место за него во неговиот тим, па Англичанецот со пасош од Барбадос реши да замине во Борусија Дортмунд, каде што, исто така, помина преку јуниорската селекција.
Неговиот пробив во првиот тим беше тивок, оваа сезона експлодираше на позицијата лев бек, а во меѓувреме Нури Сахин реши да го пресели во поофанзивната половина. Брз, продорен, со одличен удар, модерен дефанзивец кој е желба на многумина.
Наводно, големи екипи веќе се распрашуваат, а еден од нив секако е и Баерн Минхен. Засега нема конкретни акции, но се очекуваат во лето.
Бајно-Гитенс досега одигра 24 натпревари и забележа девет гола и четири асистенции.