Двајца лидери на американското разузнавање изјавија пред Конгресот дека никогаш не биле притискаани од Белата куќа , соопштува АФП.
Директорот на разузнавањето Дан Коутс и шефот на Агенцијата за национална безбедност Мајк Роџерс беа сослушани во врска со распространетите информации дека претседателот Доналд Трамп ги замолил да му помогнат ФБИ да ја ослабне истрагата во врска со руската сага.
” Никогаш не сум бил притискан, никогаш не сум чуствувал притисок за интервенција или за попречување на некој начин на делење на разузнавачки информации од политички начин или во врска со трчање на истрага “, категорично изјави Коутс за време на јавно сослушување пред Комисијата за разузнавање на Сенатот .
Коутс и Роџерс одбија да разговараат дали некакви приватни разговори спроведувале со Трамп.
“Никогаш не сум бил теран да правам нешто што сметам дека би било нелегално, неморално, неетички и несоодветно”, заштити се Роџерс.