Топла човечка приказна: Папата му заблагодарил на болничарот пред да падне во кома

од Љубиша Владимиров
90 прегледи

Зборови на благодарност беа упатени до медицинскиот персонал кој постојано се грижеше за папата за време на неговата последна болест, но и многу порано. Меѓу последните зборови на папата Франциск беа токму тие со кои изрази длабока благодарност до својот личен болничар, Масимилијано Страпети. Тој го охрабрил папата да се прошета уште еднаш околу плоштадот Свети Петар со попамобилот, в недела, по велигденската миса и говорот „Урби ет Орби“, кој оваа година не го одржа.

„Ви благодарам што уште еднаш ме доведовте на плоштадот“, му рекол папата на Страпети. Потоа, попладнето го поминал одморајќи се и вечерајќи во мир. Следното утро му се слошило, паднал во кома – ден откако, по долго време, повторно се поздравил со надворешниот свет, пишува Vatican News.

Како што самиот папа еднаш изјави, Страпети му го спасил животот кога му предложил операција на дебелото црево. Подоцна, во 2022 година, го назначил за свој личен лекар. Страпети бил покрај папата во текот на сите 38 дена што ги поминал во болницата „Гемели“ во Рим, каде се лекувал од тешка пневмонија. Не го напуштил ниту за време на периодот на закрепнување откако ја напуштил болницата.

Слични содржини